Таравари: Во новото мнозинство ќе има пратеници на СДСМ и ДУИ

Старо-новиот градоначалник на Гостивар, воедно и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во ијзава за медиумите потенцираше дека опозициските партии преговараат со пратеници и од СДСМ и од ДУИ за изгласување на недоверба на Владата. Таравари истакна дека преговорите биле на нивна иницијатива.

„Господинот Заев, на 31 октомври вечерта, најави дека ќе поднесе оставка и во партијата и од премиерската функција. Се надевам дека оставката ќе биде процесуирана и нема да има потреба од гласање доверба на Владата. Се надевам дека во новото мнозинство ќе има пратеници на СДСМ и на ДУИ. Ова ви го гарантирам, само не знам дали ќе се оди со недоверба на Влада или Заев денеска ќе даде оставка. Според некои информации што ги имам, денеска Заев сам ќе даде оставка, така што ова ги олеснува процедурите за почеток на преговори за формирање нова Влада“-кажа Таравари во ијзава за медиумите. 

08.11.2021 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега