Тарвари: За 3 саати собравме потписи да ја срушиме Владата

На координација седнавме тројца – четворица луѓе констатиравме дека минимум 61 можеби и повеќе пратеници има кои што се подготвени да го соборат ова мнозинство и од 12 часот почнаа да ги собираат потписите и во 15 часот имавме 61 потпис. И тоа без притисок, без уцени, без купувања, без давање на министерски и директорски места, ништо од тоа. Едноставно мислевме дека оваа власт е криминализирана, ДУИ да не збориме како канцер на општеството, има огромен мотив кај Албанците да си отиде после 20 години во опозиција. И ништо не нудевме ниту директорски, ниту министерски места. Дали сме подготвени ние 61 пратеник да собереме потписи без ништо, без ништо да се вети, истакна Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таравари додаде дека сите потписи се собраа тогаш за само 3 часа.

– Овие од ДУИ често ме прашуваа кај ти е мнозинството, нека излезе еден од овие пратеници што се потпишаа, барем еден нека излезе и нека каже дали имало некаков притисок врз него, или имало некаков поткуп, или имало некој фалсификуван потпис. Потписи од 61 пратеник се собраа за 3 часа, нагласи Таравари.

Таравари посочи дека по собирање на потписите власта започна со притисоци врз пратениците кои се потпишаа за покренување на иницијатива за гласање на недоверба на Владата.

07.12.2021 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега