Татеши: Лошото управување со пандемијата главна причина за состојбата со ковид-19 во земјава

Северна Македонија е во групата на најзагрозени земји во светот што се однесува на состојбата со ковид-19 и тоа на петтото место во Европа и шестото место во свет по бројот на смртни случаи на милион жители, изјави денеска Беким Татеши, од Алијанса за Албанците.


Според него позитивен елемент на 2021 година во здравството беа здравствените работници коишто покажаа професионална посветеност и максимална пожртвуваност.

Според Татеши главна причина за сегашната состојба во државата е лошото управување со пандемијата, но и застарена инфраструктура и, како што рече, катастрофални кадровски политики.

За надминување на актуелната состојба тој предложи неколку решенија, меѓу кој и следење на епидемиолошката состојба и избегнување на петтиот бран. Исто така повика на засилена кампања за вакцинација на населението со ангажирање на стручни лица од сите области.

04.01.2022 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега