Татко го пронашол својот син после 58 години: Го киндапирале кога имал само две години, а емотивната средба расплака многумина (ВИДЕО)

Кога Фу имал две години, тој бил киднапиран на железничката станица во Кина и дури сега, по 58 години, повторно го пронашол својот татко Лу (90).

Фу, кој сега има 60 години, го сретнал својот татко во градот Заожуанг, во источната провинција Шандонг, а локалните власти објавија снимки од нивната трогателна средба.

Само што влезе низ вратата, Фу потрча кон својот татко, го прегрна во солзи и падна на колена.

Лу, наводно, го изгубил од вид својот син во 1963 година во областа Суеченг, додека чекал воз. Тој рече дека во еден момент ја држел раката на детето, но го пуштил накратко и по неколку минути видел дека детето не е таму. Се верува дека Фу бил киднапиран од шверцери на луѓе кои го однеле во Шангај каде го посвоила двојка.

Семејството го бараше со години преку медиумите, но без успех.

Во 2015 година, Секторот за јавна безбедност Заозуанг започна специјална истрага за овој случај користејќи модерна ДНК анализа, а потрагата била проширена и во другите кинески провинции.

ДНК-анализата се совпаднала на 1 јуни, а една недела подоцна, таткото и синот конечно се сретнаа по 58 години.

Фу истакна дека неговите посвоители му рекле дека го посвоиле во Шангај, но дека не знаат ништо повеќе за неговото минато.

Киднапирањето на деца е, за жал, голем проблем во Кина.

11.06.2021 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега