Татко и ќерка биле сведоци на стравичната ерупсија на вулканот: „Никогаш нема да ги заборавам криците на луѓето, кожата им паѓаше“

Еден од туристите кои го напуштиле островот  пред ерупцијата бил Џеф Хопкингс, раскажал дека никогап нема да ги заборави криците на повредените луѓе.

„Спасете ме. Горам. Запален сум“ се сеќава Копкинс на извиците на една од жртвите.

Бродот на кој бил Хопкинс го напуштил островот нешто пред ерупцијата која се случила во понеделникот, а на островот во тој момент имало 47 лица.

АБрзо после ерупцијата, посадата на бродот одлучиле да се вратат и да помогнат на повредените.

„Видовме луѓе во водата како пливаат и бегаат од островот“ раскажал Хопкинс

„Им паѓаше кошата, висеше од брадата и прстите“ Рекол Хопкингс. Тој со својата ќерка бил на излед кога се случила ерупцијата, а на својот брод земале 23 лица кои имале сериозни изгореници.

„Многу луѓе носеле кратки панталони и маички со кратки ракави, така па им биле запалени луцата, рацете и нозете. Им опаѓаше кожата, висеше од брадата, од прстите и лактите“ додал Хопкингс.

Посадата ги замолила сите пристни кои имале медицинско знаење да помогнат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега