Татко си го претепал својот малолетен син, сам се пријавил во полиција



Вчера околу 16 часот во Полициска станица Тетово се пријавил 37-годишниот тетовец Д.М, кој во 13 часот и 50 минути бил пријавен од 49-годишниот Д.М. од Тетово дека половина час пред тоа на улица „Борис Кидрич“ во Тетово физички го нападнал неговиот малолетен син, извести СВР Тетово.

Според пријавеното, на нападот му претходела нивна меѓусебна расправија. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

12.03.2024 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега