Таткото кој си ги уби трите деца во Загреб почнал да комуницира со лекарите

Таткото кој си ги уби трите деца во Загреб, Харалд К. (56) во моментов е стабилен и започна да комуницира со лекарите, а денеска би можел да излезе од болница.

Според информациите што Н1 ги доби утрово од полицијата и КБЦ „Сестри милордни“, потврдено е дека таткото е свесен и комуницира со лекарите.

Тој би можел да излезе од болница денес или најдоцна утре, а потоа треба да биде префрлен во полиција за кривична истрага.

Се очекува стандардна постапка, која се состои од испрашување во Канцеларијата на окружното обвинителство и потоа посета на истражен судија.

Доколку се утврди дека е привремено непресметлив, што е помалку веројатна опција, постои можност тој да биде сместен во болницата Врапче.

Наоди од крв биле земени за понатамошна полициска постапка за да се утврди дали бил под дејство на опијати, а тој во болницата не дал изјава на полиција.

Обдукцијата на децата е подготвена, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи со цел да се утврди како се убиени, со труење со таблети или со гушење.

Страшното злосторство се случи ноќта помеѓу петокот и саботата, кога Харалд К. ги уби своите три деца во Загреб, па се обиде да си го одземе животот.

Макфакс

27.09.2021 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега