Таткото на исчезнатиот кумановец во Вардар: Да го најдат син ми, жив или мртов

Трет ден од потрагата по 22-годишниот кумановец кој падна со возилото во реката Вардар кај Желино, тетовско, а неговиот татко во изјава за „ТВ21“ испрати апел до институциите.

„Повикувам да го најдат син ми. Благодарност до селаните кои помогнаа. Сакам да го најдат син ми, жив или мртов“, кажа тој за медиумите.

Нуркачи и кучиња беа вклучени во потрагата, но засега нема резултат.

ВИДЕО: ТВ21

29.09.2022 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа