Close Menu
    Најново

    СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени

    19.09.2025 во 14:43

    Мицкоски: Ќе нема предвремени парламентарни избори

    19.09.2025 во 14:31

    Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

    19.09.2025 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени
    • Мицкоски: Ќе нема предвремени парламентарни избори
    • Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
    • Николоски: Штип има потенцијал да стане туристички центар на Истокот
    • (ВИДЕО) Полицајци со калашникови пред прилепската болница: Две групи се обиделе да се пресметаат
    • 30 дена притвор за газдата на објектот во кој избувна пожарот во Трубарево, останатите одат во куќен притвор
    • Османи најави сет механизми за соживот и рамноправност
    • Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени

    СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени

    19.09.2025 во 14:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Лозарите повторно се оставени на цедило, а грозјето скапува на нивите, велат од СДСМ.

    „Пред два дена министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Кавадарци самоуверено изјави дека „целото грозје ќе биде откупено од страна на винариите“.

    Денес е 19- ти септември, реалноста на терен е сосема поинаква.

    Најавеното „решение“ за проблемот со откупот на грозјето се претвори во нова агонија за лозарите – откупот на винското грозје се одвива забавено.

    Министерот Трипуновски тврдеше дека за оваа реколта ќе има производство од над 100 милиони килограми грозје. Во Кавадарци, опкружен со  своите соработници, изјави дека досега се откупени 78 милиони килограми. Остануваат уште над 22 милиони килограми грозје за откуп.

    Го прашуваме министерот Трипуновски  како ќе бидат откупени повеќе од 22 милиони килограми грозје од винарија која последен пат откупувала пред пет години, и тоа со капацитет од едвај 7 милиони килограми?
    Дали винаријата „Вардар“ за која Трипуновски ветува дека ќе ги откупи дополнителните количини грозје во тиквешкиот регион, има обезбедено финансиски средства да им го исплати грозјето на лозарите?

    Лозарите заслужуваат одговор на овие прашања, бидејќи винаријата што ја спомнува Трипуновски, нема вршено откуп од 2020 година.

    Лозарите се изморени од празни ветувања и сакаат реални решенија, не празни сценарија  манипулации.

    Дали се подготвува нова измама на лозарите, како онаа во 2016 година, кога партиски блиските визби добија пари, а лозарите останаа со неплатено грозје?

    Трудот на лозарот не смее да биде жртва на партиски игри и предизборни манипулации. Лозарите бараат реална цена, сигурен откуп и навремена исплата, ништо повеќе, ништо помалку“, стои во соопштението од СДСМ.

    Featured
    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени

    19.09.2025 во 14:43

    Мицкоски: Ќе нема предвремени парламентарни избори

    19.09.2025 во 14:31

    Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

    19.09.2025 во 14:08

    Николоски: Штип има потенцијал да стане туристички центар на Истокот

    19.09.2025 во 13:58
    последни вести
    Политика

    СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени

    19.09.2025 во 14:43
    Македонија

    Мицкоски: Ќе нема предвремени парламентарни избори

    19.09.2025 во 14:31
    Црна хроника

    Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

    19.09.2025 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.