Првиот заменик претседател на Владата и кандидат на коалицијата Влен за градоначалник на Oпштина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со играчите и раководството на кошаркарскиот клуб Чаир 2030, една од најуспешните спортски приказни на локално ниво во последната деценија, се вели во соопштението ПР-тимот на Меџити, кое го пренесуваме интегрално.
Овој клуб, кој започна од мала група ентузијасти, денес се натпреварува во Суперлигата на Македонија, достојно претставувајќи ја општината и инспирирајќи ги младите генерации.
„Чаир има богата спортска историја. Време е оваа историја да се поддржи со институционална посветеност, бидејќи спортот не е само игра, тоа е едукација, карактер, здравје и гордост,” истакна Меџити за време на посетата во просториите на клубот.

Меџити ја оцени работата на тренерот Ерхан Рамадани, кој со визија и професионален пристап го води тимот кон нови резултати, и го потенцираше својот ангажман дека, како иден градоначалник на Општина Чаир, ќе се залага за:
-Структурирана поддршка за клубовите и младите спортисти;
-Инвестиции во модерна и достапна спортска инфраструктура за сите;
-Јасни политики за развој на младинскиот и културниот живот во
општината.
Како што беше речено на средбата, Општина Чаир ja ставила спортската салана располагање на клубот бесплатно, обезбедувајќи им на кошаркарите соодветни услови за тренинг и натпревари.
Меџити, исто така, доби симболичен дрес од клубот како знак на благодарност за дадената поддршка.
„Кога инвестираме во спорт, инвестираме во иднината на нашите деца и во еден посилен Чаир. Младите се нашето најголемо богатство и мора да имаат простор да напредуваат,“ рече меѓу другото Меџити.
Како кандидат на коалицијата Влен, Меџити води кампања заснована нa искуство, визија и верба во потенцијалот на граѓаните на Чаир, сметајќи го спортот за клучен столб на локалниот развој.