Close Menu
    Најново

    Полицијата и Обвинителството потврдија: Голема акција – меѓу приведените и важни ликови во ДУИ

    18.12.2025 во 11:07

    Интервентната полиција во акција во Трубарево: Пронајдени три кеси дрога кај скопјанец

    18.12.2025 во 11:06

    ДЗР откри сериозни неправилности: Пропаднале над 2 милиони евра поради застарени прекршоци во Министерството за економија

    18.12.2025 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Полицијата и Обвинителството потврдија: Голема акција – меѓу приведените и важни ликови во ДУИ
    • Интервентната полиција во акција во Трубарево: Пронајдени три кеси дрога кај скопјанец
    • ДЗР откри сериозни неправилности: Пропаднале над 2 милиони евра поради застарени прекршоци во Министерството за економија
    • Николовски од Брисел: Потпишан Меморандум со Бугарија за побрз проток на стоки на границите
    • Нов закон во Македонија: За возење брзо, пијан или дрогиран ќе се оди во затвор – автомобилот трајно се одзема
    • Крај за дивеењето по патиштата: Се воведува трајно одземање на возилата и затвор до 3 години
    • Кавадарчанец „рекордер“ во алкохол: Приведен возач со 3,21 промили, со автомобилот се забил во паркирано возило
    • Поднесено обвинение за напаѓачот на „Инфомакс“: Влегол насилно во студиото за да ја прекине емисијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Полицијата и Обвинителството потврдија: Голема акција – меѓу приведените и важни ликови во ДУИ

    Полицијата и Обвинителството потврдија: Голема акција – меѓу приведените и важни ликови во ДУИ

    18.12.2025 во 11:07
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја потврдија акцијата во која се приведени десетина лица, а меѓу нив и функционерот на ДУИ, Бујар Дардишта.

    „Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа. Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.“ – се вели во соопштението на ОЈО ГОКК

    Слично соопштение испрати и МВР.

    “Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа. Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.“ – се вели во информацијата на МВР.

    Информациите ги потврди и министерот Панче Тошковски.

    Бујар Дардишта, беше директор на Управата за водење на матични книги, а потоа и управител на едно од новоформираните три претпријатија на ЕСМ за топлинска енергија за затоплување на скопјани на местото на БЕГ. 

    Дардишта стана „популарен“ во јавноста откако Државниот завод за ревизија утврди дека во 2019 година кога тој бил директор на Управата биле издадени 21.957 погрешни изводи, односно 4 отсто од вкупниот број издадени изводи од матичните книги. Во реализираната ревизија бил констатиран кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и во Прилеп. Односно, ДЗР утврдил дека за толку обрасци на изводи не се наплатени ниту административни такси.

    Последен пат неговото име се споменуваше за време на собирот на УЧК во центарот на Скопје каде тој беше претставник на организациониот одбор.

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.