Куќа изгоре во пожар што се случи претпладнево во строгиот центар на Неготино. Брзата и ефикасна интервенција на противпожарните екипи спречила поголема катастрофа во густо населената околина.
Во гаснењето на пожарот учествуваа десет пожарникари со три противпожарни возила. Нивната главна задача била да спречат огнот да се прошири на соседните објекти, од кои некои биле во непосредна опасност и биле делумно опожарени.
За среќа, нема настрадани лица. Повозрасниот човек кој живеел во куќата што изгорела е безбеден.

