Опозициски партии бараат соединување со СДСМ, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата 360 степени на МТВ.
Филипче истакна дека разговори за обединување веќе се водат на повеќе нивоа:
„Има разговори на повеќе нивоа. Прво, приклучување на помали партии кон нашата. Има одредени политички партии кои сакаат да се приклучат кон СДСМ, да се приклучат, да се соединат целосно. Понатаму, партиите кои ја напуштија коалицијата и сега практично се каат за своите одлуки. И морам да кажам дека ние се спремаме за победа на следните парламентарни избори.“ посочи претседателот на СДСМ, Венко Филиче.

