Close Menu
    Најново

    СДСМ: Предавството на Македонија во живо, во Собранието

    16.12.2025 во 16:01

    На Зеленски му претстои исклучително тежок период, вели Плејтген

    16.12.2025 во 15:54

    Тошковски: Мора да почнеме со „Безбеден град“, со 145 жртви сме најлоши во Европа

    16.12.2025 во 15:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Предавството на Македонија во живо, во Собранието
    • На Зеленски му претстои исклучително тежок период, вели Плејтген
    • Тошковски: Мора да почнеме со „Безбеден град“, со 145 жртви сме најлоши во Европа
    • СДСМ го напушти Собранието: Нема цел да има опозициски прашања кога министрите не се тука
    • „Зелен хуман град“: Oткажан новогодишниот огномет во Скопје
    • Поскапуваат мобилните телефони
    • Еко аларм: Скопје петти најзагаден град во светот, втор во Европа
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: Предавството на Македонија во живо, во Собранието

    СДСМ: Предавството на Македонија во живо, во Собранието

    16.12.2025 во 16:01
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе, велат од СДСМ. 

    „Наместо да разговараме тие се закануваа со тужби.

    Не сакаа да се отвори дискусија во македонското Собрание, меѓу претставниците на народот – пратениците на кои граѓаните им дале мандат да ги застапуваат пред највисокиот орган на државата. 

    Наместо тоа, прво предложија темата да се префрли на општините, кои немаат никаква надлежност за вакво национално прашање. Не сакаа јавна расправа затоа што немаат аргументи против вистината.

    Од самиот почеток бевме транспарентни и конструктивни. 

    Граѓаните ја видоа нашата Резолуција, јавно ја објавивме и со денови повикувавме заеднички да ја поднесеме и да ја потпишеме. 

    Токму тоа им пречеше. Нашиот последен обид беше денес во Собранието. 

    Не ни дозволија да зборуваме за нашата предлог-Резолуција, премиерот и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побеганаа од вистината и од дебата за Резолуцијата. 

    Поради тоа, во знак на протест, нашите пратеници ја напуштија седницата. Нема да учествуваме во предавството.

    СДСМ нема да им биде прекривка за најголемото предавство на Македонија, пари за мигранти.

    Нека си ја потпишат предавничката политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ – за пари.

    Со денови зборуваме за ова. Цел ден дефокус со вести, што јасно го покажавме преку нашата акција „Разоткривање“. Прават сè само за да ја сокријат ВИСТИНАТА.

    А вистината е следна: не сакаат да ја потпишат Резолуцијата, сакаат своја контра-резолуција. На граѓаните сега им е кристално јасно зошто. 

    Имаме избори и имаме мигранти за пари. Повеќе не е потребно никакво дополнително објаснување.

    Почитувани граѓани, сите сите вие сега сведоци на предавството на Македонија, мигранти за пари.

    Заедо ќе се бориме. Нема да им помине.

    Борбата допрва продолжува“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41

    Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина

    16.12.2025 во 10:35

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.