Close Menu
    Најново

    СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

    17.12.2025 во 19:10

    Ристески: Силно сме посветени на поддршка на бизнис секторот

    17.12.2025 во 19:08

    Данела Арсовска: Од медиумите дознав дека треба да пријавам имотна состојба откако прекинав да бидам градоначалничка

    17.12.2025 во 18:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата
    • Ристески: Силно сме посветени на поддршка на бизнис секторот
    • Данела Арсовска: Од медиумите дознав дека треба да пријавам имотна состојба откако прекинав да бидам градоначалничка
    • Мицкоски: Влада ги презема сите реформи за конечно започнување на преговорите
    • Евзони повторно блокиран
    • Изгласани дел од законите за Сејф сити
    • Путин ги нарече европските лидери „мали прасиња“
    • Пратеникот Мециновиќ откри дека нема девојка, јавно кажа на колку години ја изгубил невиноста
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

    СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

    17.12.2025 во 19:10
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Донесената предавничка Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието освен што е предавство на Македонија е невидена и скандалозна. Власта на Мицкоски ја гуши демократијата, слободата на говор, мислење и политичко дејствување, реагираат попладнево од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

    Ова е притисок, заплашување и обид за замолчување на опозицијата.

    Кога парламентот носи резолуција против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. 

    Режим 2.0. На местото на Груевизмот дојде Мицковизмот.

    Директен удар врз парламентарната демократија и создавање опасен преседан кој го поларизира општеството и ја заменува демократската дебата со политичко етикетирање.

    ДПМНЕ и ЗНАМ сакаат:

    • Да ѝ го забранат работењето на опозицијата,

    • Да воведат едноумие,

    • Да создадат еднопартиска држава,

    • И да ја згаснат слободата на говор.

    Ова е сценарио веќе видено кај нас ама и во регионот. Истата матрица, истата реторика, истите закани, од времето на Груевски а моментално тоа го прави Вучиќ во Србија. 

    Во демократија, одговорноста е индивидуална, има име и презиме. Не постои колективна вина, ниту резолуции за замолчување на опозицијата. 

    Ваква срамна Резолуција претставува сериозна закана за демократијата, грубо непочитување на човековите права и директен удар врз уставниот поредок.

    Затоа, мора да реагира целата меѓународната демократска јавност, сите релевантните светски институции. 

    Со вакви чекори, Македонија се претвора во црна точка на Европа.

    СДСМ нема да молчи. СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата.

    Борбата за слобода на говор, плурализам и демократска држава продолжува, стои во рекцијата на СДСМ испратена до медиумите.

    Популарно

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.