Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Актуелно
- Полицаец прегазен на кружен тек во Скопје – возачот уапсен по три дена бегство
- Горивата драстично поевтинуваат од полноќ
- Тешка сообраќајка во Битола: Прегазена жена
- Зголемена казната за Васил Јованов: Апелациониот суд му пресуди 13 години затвор за смртта на Фросина Кулакова
- Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
- Падна криминалец на Табановце осуден на осум години затвор: Пробал да излезе од Македонија
- Вознемирена мајка од Скопје се јавила во полиција: Мојот 13-годишен син и неговите другари физички се нападнати со тврди предмети
- Крвава пресметка во штала во с.Арнакија, скопско: Се степале шест лица, тројца завршија во болница

