Close Menu
    Најново

    Почина новороденче на ГАК – Министерството за здравство нареди вонреден и стручен надзор

    16.12.2025 во 14:13

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:08

    Велосипедист загина во Гостивар – приведен возачот кој го прегази со камион „мерцедес“

    16.12.2025 во 13:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Почина новороденче на ГАК – Министерството за здравство нареди вонреден и стручен надзор
    • Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата
    • Велосипедист загина во Гостивар – приведен возачот кој го прегази со камион „мерцедес“
    • Дилер ќе одговара кривично откако кај него се пронајдени оружје, муниција и дрога
    • Судењето на Филип Андов – Сокол одложено пред самиот финиш: Обвинителката побара време за завршни зборови
    • Турски државјанин заработи пријава: Го тепал вработениот во скопски хотел
    • Петрушевски за оставката на Коцевски: Се става крај на еден мрачен период, во кој Обвинителството беше перципирано како партизиран механизам
    • Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на издржувањето на казната: Му било препорачано мирување во период од 20 до 30 дена
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Почина новороденче на ГАК – Министерството за здравство нареди вонреден и стручен надзор

    Почина новороденче на ГАК – Министерството за здравство нареди вонреден и стручен надзор

    16.12.2025 во 14:13
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.

    „Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.

    Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.

    „Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.

    Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.

    Популарно

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41

    Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина

    16.12.2025 во 10:35

    Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени

    16.12.2025 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.