Close Menu
    Најново

    Костадинов заработи уште една кривична пријава

    18.12.2025 во 12:47

    Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

    18.12.2025 во 12:38

    Инцидент на аеродромот во Брисел: Авионот на Фицо приземјен поради дефект

    18.12.2025 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Костадинов заработи уште една кривична пријава
    • Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
    • Инцидент на аеродромот во Брисел: Авионот на Фицо приземјен поради дефект
    • Полицијата го пронајде исчезнатото дете од Кичево
    • Падна измамник од Охрид: Измамил стружанка за 8.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила дете
    • Војна Филипче – Шилегов: Го нашле задолжен и со приватни проблеми
    • Аеродром прва општина со системска селекција на отпад: 600 домаќинства ќе добијат канти за селекција на пластика
    • Внимавајте: Густа магла на патот Неготино-Демир Капија, изменет режим на скопската обиколница
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Костадинов заработи уште една кривична пријава

    Костадинов заработи уште една кривична пријава

    18.12.2025 во 12:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против К.К.(35) и Б.Ш.(64), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.Г.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

    Пријавената И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при општина Струмица, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за даноците на имот, во четири наврати ги пречекорила своите овластувања со тоа што изготвила решенија за даночно ослободување од данокот на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1. Ваквото ослободување од плаќање било направено повикувајќи се на член 25 од Законот за даноците на имот, меѓутоа одредбите за таквото даночно ослободување се однесувале само за станбени згради и станови кои согласно класата на намени се со номенклатура А2.1, но не и за станбени куќи со номенклатура А1.1, за кои и биле изготвени решенијата. Исто така, И.Г. во три од четирите решенија, во отсуство на пријавениот Б.Ш., се потпишала и во полето Потврдил-контролирал.

    Пријавениот Б.Ш., во својство на Раководител на Секторот за финансиски прашања при општина Струмица и пријавениот К.К., во својство на градоначалник на општина Струмица, постапиле несовесно при вршењето на своите службени овластувања и пропуштиле должен надзор при постапувањето по тие предмети и ги потпишале изготвените решенија за даночно ослободување изготвени од И.Г.. Со ваквите дејствија пријавените лица го оштетиле буџетот на општина Струмица за износ од 668.388 денари.

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.