Close Menu
    Најново

    Ѓаволот од бегство во куќен притвор

    17.12.2025 во 11:04

    Македонец приведен во Швајцарија – му се заканува депортација

    17.12.2025 во 10:54

    Почина омилената актерка Џоди од „Ќерките на Меклиод“ – имаше 46-години

    17.12.2025 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ѓаволот од бегство во куќен притвор
    • Македонец приведен во Швајцарија – му се заканува депортација
    • Почина омилената актерка Џоди од „Ќерките на Меклиод“ – имаше 46-години
    • Мирот во Украина е „поблиску од кога било“, вели Трамп
    • МВР со засилени контроли: Македонија дел од европската акција ROADPOL за безбедни патишта
    • Кривични пријави за тетовски превозници: Се обиделе да наплатат милионски суми со истечени договори
    • Ригорозни безбедносни мерки за „Прегледот на годината со Путин“: Забранети вејпови, батерии и парфеми
    • САД го заострија визниот режим: Повеќе нема да можете да влегувате во Америка со овие пасоши
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ѓаволот од бегство во куќен притвор

    Ѓаволот од бегство во куќен притвор

    17.12.2025 во 11:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Љупчо Пецов Ѓаволот ќе биде еден од ретките осомничени кои од бегство добил куќен притвор. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предложи промена на мерката притвор за еден од главните осомничени за случајот Синџир. И тој како и многу осомничени кои се во оваа фаза на постапката пријавил дека има здравствени проблеми, но и ризици по својата безбедност ако биде во затвор. „ Јавниот обвинител, ценејќи ги здравствените околности, но и сериозните индиции за можни влијанија врз постапката и врз самиот осомничен, фактот дека тој доброволно се пријавил и ги предал двете патни исправи што ги поседува, како и проценките дека со негово сместување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност, на рочиштето го изменил првичниот предлог. Наместо притвор, предложена е мерка куќен притвор со постојан надзор, со цел да се обезбеди неговото присуство во натамошната постапка“ – се вели во соопштението на Обвинителството. Љупчо Пецов – Ѓаволот е еден од главно осомничените во предметот „Синџир“, голема истрага за финансиски криминал и даночно затајување, отворена кон крајот на октомври 2023 година. Во предметот се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 компании, за кои постои сомнение дека преку мрежа на фиктивни фактури со ДДВ за наводни, но непостоечки услуги, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра. Случајот дополнително доби тежина по апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е и адвокат на Пецов. Обвинителството соопшти дека Стафа во периодот од октомври до 13 декември примил вкупно 50.000 евра за да издејствува Пецов да не оди во притвор.

    Популарно

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.