Ледена воздушна маса од Сибир и поларните региони ја зафати Источна и Североисточна Европа, создавајќи екстремно ниски температури.
Ледената маса стигна и до европскиот дел на Русија, каде температурите паднаа под -10 C, а во северниот дел под -20 C. Утрото во северна Русија се измерени температури дури под -30 C.
Уште постудено е во азискиот дел на Русија, со температури под -50 C.
Додека Истокот е замрзнат, во Западна Европа доминира сосема поинаква климатска слика. Силната циклонска активност од Атлантикот носи чести дождови и силни бури, но и значително потопла воздушна маса.
Температурните вредности во Западна Европа се над 15 C, а во Франција достигнуваат и до 20C.

