Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Казнено-поправниот дом „Идризово“ во Скопје. Како што е најавено, во рамки на посетата, таа ќе оствари работна средба со директорот на установата, Зоран Јовановски.
Сиљановска-Давкова ќе ја посети и работната единица во затворот, односно шивалната која функционира во состав на женското одделение.

