Close Menu
    Најново

    Аеродром прва општина со системска селекција на отпад: 600 домаќинства ќе добијат канти за селекција на пластика

    18.12.2025 во 12:10

    Внимавајте: Густа магла на патот Неготино-Демир Капија, изменет режим на скопската обиколница

    18.12.2025 во 12:02

    Алармантно загадување во Кичево и Струмица: Хронично болните и бремените жени да се ослободат од работа

    18.12.2025 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Аеродром прва општина со системска селекција на отпад: 600 домаќинства ќе добијат канти за селекција на пластика
    • Внимавајте: Густа магла на патот Неготино-Демир Капија, изменет режим на скопската обиколница
    • Алармантно загадување во Кичево и Струмица: Хронично болните и бремените жени да се ослободат од работа
    • Тошковски потврди: Приведен е Бујар Дарлишта, поранешен директор од редовите на ДУИ
    • Поранешната директорка и вработени во Центарот за социјални работи во Тетово заработија кривични поради лажни инвалидски пензии
    • Историски буџет за одбраната: Армијата се модернизира со хаубици, хеликоптери и ракетни системи
    • Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Република Албанија во областа на здравството
    • Обвинение и куќен притвор за директорот на Комунална хигиена за полните контејнери низ Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Аеродром прва општина со системска селекција на отпад: 600 домаќинства ќе добијат канти за селекција на пластика

    Аеродром прва општина со системска селекција на отпад: 600 домаќинства ќе добијат канти за селекција на пластика

    18.12.2025 во 12:10
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Општина Аеродром денеска официјално го започна проектот за системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, при што точно 50 домаќинства добија специјални канти за селекција на пластика, а во наредните фази ќе бидат опфатени вкупно 600 домаќинства. Воведувањето ваков модел на управување со пластичен отпад претставува прв чекор кон систем што постепено ќе се проширува низ целата општина.

    „Ова не е кампања, туку функционален систем што им овозможува на граѓаните активно да учествуваат во заштитата на природата, почнувајќи од сопствениот дом“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
    Тој додаде дека како прва општина што воведува ваков модел, испраќаме јасна порака дека одговорното управување со отпадот е можно кога постои визија, институционална поддршка и соработка со граѓаните.

    Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изјави дека Општина Аеродром ја покажува вистинската иницијатива и одговорност кон животната средина. Според него, она што е особено важно за имплементацијата на проектот „Clean AirDrom“ – Нулта цврст отпад во Општина Аеродром, е што, покрај неговото значење за заштитата на животната средина, тој претставува и пример за успешно партнерство помеѓу Делегацијата на Европската Унија, Владата преку Министерството за локална самоуправа, Швајцарската Влада и Општина Аеродром. Преку ова партнерство е обезбедено и специјално електрично товарно возило за еколошки транспорт на отпадот.

    За спроведување на проектот, за поттикнување на селекцијата кај граѓаните и за предавање на селектираниот отпад на овластени компании на понатамошен соодветен третман е задолжено Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром.
    Со почнувањето на овој проект Општина Аеродром директно придонесува кон намалување на мешан комунален отпад, заштита на природните ресурси и развој на свесни граѓански навики, но исто така покажува и дека нејзините еколошки политики не се само декларативни, туку практични и применливи.

    Грижата за животната средина започнува од секој дом, а овој систем овозможува токму тоа – секој граѓанин да биде активен дел од промената.

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.