Close Menu
    Најново

    Муцунски во посета на САД, ќе учествува и на Генералното собрание на ОН

    17.09.2025 во 19:30

    УНХЦР: Владите низ целиот свет сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци

    17.09.2025 во 19:26

    ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

    17.09.2025 во 19:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Муцунски во посета на САД, ќе учествува и на Генералното собрание на ОН
    • УНХЦР: Владите низ целиот свет сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци
    • ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево
    • Истражните органи извршија увид во Трубарево – продолжен притворот за четворицата осомничени
    • Мицкоски: Состојбата со пожарите е под контрола, опозицијата се занимава со некрофилија
    • Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК: Независните може да учествуваат на избори со два потписи
    • Нутриционистка: Претераниот внос на протеини е штетен
    • МЖСПП: Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Муцунски во посета на САД, ќе учествува и на Генералното собрание на ОН

    Муцунски во посета на САД, ќе учествува и на Генералното собрание на ОН

    17.09.2025 во 19:30
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од 17 до 26 септември ќе престојува во работна посета на САД. Шефот на дипломатијата во Вашингтон ќе има средби со високи американски претставници и ќе учествува на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

    Во Вашингтон Муцунски ќе се сретне со високи претставници на Стејт департментот, при што ќе се разговара за унапредување на политичкиот дијалог, трговската соработка и унапредувањето на стратешкото партнерство. Ќе учествува и на тркалезна маса на Американско-централноевропската деловна асоцијација, а планирани се и средби со конгресмени и сенатори. По повод Денот на независноста и 30 години дипломатски односи, министерот ќе се обрати на настан со македонската дијаспора во регионот на Вашингтон.

    Министерот ќе биде дел од македонската државна делегација која ќе учествува на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно, 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.

    За време на високата недела на Генералното собрание, министерот Муцунски ќе оствари бројни билатерални средби со колеги од европски и воневропски земји, како и со претставници на А5, ПСЈИЕ, ЦЕИ, земјите од Западен Балкан и неформалната мрежа за поддршка на МКС. Тој ќе учествува и на Трансатлантската вечера во организација на државниот секретар на САД, Марко Рубио, како и на бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции.

    Од мултилатералната агенда на ОН, министерот ќе се обрати на неколку настани, меѓу кои: Првиот биенален самит за одржлива, инклузивна и отпорна глобална економија; тркалезна маса на тема „Европа и САД во време на глобална економска фрагментација“; и дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ОН на тема „Вештачка интелигенција и меѓународен мир и безбедност“. Тој ќе биде домаќин и на работниот појадок со земјите членки на Јадранско-Јонската иницијатива.

    Пред почетокот на официјалната програма во Њујорк, министерот ќе го посети фестивалот на храна во македонската црква „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, како и македонската црква „Св. Климент Охридски“, каде ќе се сретне со македонската дијаспора од регионот на Њујорк и Њу Џерси.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Муцунски во посета на САД, ќе учествува и на Генералното собрание на ОН

    17.09.2025 во 19:30

    УНХЦР: Владите низ целиот свет сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци

    17.09.2025 во 19:26

    ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

    17.09.2025 во 19:21

    Истражните органи извршија увид во Трубарево – продолжен притворот за четворицата осомничени

    17.09.2025 во 19:17
    последни вести
    Македонија

    Муцунски во посета на САД, ќе учествува и на Генералното собрание на ОН

    17.09.2025 во 19:30
    Свет

    УНХЦР: Владите низ целиот свет сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци

    17.09.2025 во 19:26
    Македонија

    ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

    17.09.2025 во 19:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.