Денеска нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди, додека претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Според метеоролозите, ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Температурите ќе се движат во интервал од -5 до -1 степен како минимални, додека максималните ќе достигнат од 6 до 13 степени во текот на денот.
Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно и претежно тивко. Во делови од скопската котлина претпладне се очекува магла. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до -4, а максималната ќе изнесува 6 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека стабилното и претежно тивко време ќе се задржи сè до понеделник.
„До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност, додека во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд“, велат од УХМР.

