Close Menu
    Најново

    Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

    19.12.2025 во 18:47

    Делови од скопски општини утре без струја – подгответе се

    19.12.2025 во 18:31

    Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Алкалоид“ при официјалната посета на владина делегација на компанијата

    19.12.2025 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
    • Делови од скопски општини утре без струја – подгответе се
    • Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Алкалоид“ при официјалната посета на владина делегација на компанијата
    • Премиерот: За мене Македонија е свето име
    • Хрватска воведува построги услови за вработување на странци: Познато кои се за Македонците
    • Маж итно пренесен во болница, се повредил додека работел во рудник
    • (ВИДЕО) Музика на надежта: Украинскиот хор ја отпеа Шчедрик во уништената електрана
    • Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

    Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

    19.12.2025 во 18:47
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основното јавно обвинителство Скопје наредило да се спроведе истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело даночно затајување.

    Државното јавно обвинителство соопшти дека во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари односно за повеќе од еден милион евра.

    -Во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11 проценти и данок на додадена вредност од 18 проценти на кои биле обврзани со закон, двајцата дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска. Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур, соопшти ЈОРСМ.

    Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

    -Притоа јавниот обвинител ја зеде предвид и тежината на кривичното дело кое им се става на товар и висината на незаконски стекнатата корист која е од големи размери, се наведува во соопштението ан Обвинителството. 

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Мега полициска акција: Паднаа 33 лица и две правни лица – местеле тендери во „ЕСМ Дистрибуција“

    19.12.2025 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.