Close Menu
    Најново

    Петрушевски: 3 милиони евра спорна документација во Лотарија оставиле Бајрами и Груби

    19.12.2025 во 12:36

    Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев

    19.12.2025 во 12:28

    Мега полициска акција: Паднаа 33 лица и две правни лица – местеле тендери во „ЕСМ Дистрибуција“

    19.12.2025 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Петрушевски: 3 милиони евра спорна документација во Лотарија оставиле Бајрами и Груби
    • Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев
    • Мега полициска акција: Паднаа 33 лица и две правни лица – местеле тендери во „ЕСМ Дистрибуција“
    • (ВИДЕО) Трагедија кај Одеса: Руски дрон погоди автомобил на мост – мајка загина пред очите на своите три деца
    • Американците го преземаат TikTok: Кинезите ја продаваат апликацијата
    • Путин: Москва сака мир, но Киев одбива да отстапи територии
    • Тошковски: Разбојништвата во Скопје се намалени за 40 проценти благодарение на интервентната полиција
    • Андоновски: Македонија рангирана во А групата за дигитален напредок според Светска банка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Петрушевски: 3 милиони евра спорна документација во Лотарија оставиле Бајрами и Груби

    Петрушевски: 3 милиони евра спорна документација во Лотарија оставиле Бајрами и Груби

    19.12.2025 во 12:36
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДС и ДУИ своето владеење го покажаа со раководењето на Државна Лотарија каде што Бајрами и Груби ја испокрадоа институцијата и избегаа, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Додека едните крадеа, другите мижеа, и обратно. А некогаш и двете структури крадеа заедно, вели Петрушевски.

    „Таков е и случајот со Лотарија, каде што Бајрами и Груби ја приватизирале институцијата и правеле што сакале, а СДС за да не ја распадне коалицијата, молчеле.

    Во последниот извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за “мали добивки” на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.

    Понатаму, ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

    Дополнително, ДЗР преку увид во трговските книги и анализи на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет игри, утврдила дека се нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари“, истакна Петрушевски.

    Петрушевски нагласи дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија, а СДС молчеле и немо го одобрувале овој криминал за да не паднат од власт.

    „Затоа, СДС и ДУИ се минато на политичката сцена и потребни се реформи. Криминалците мора да одговараат“, рече Петрушевски.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Агелер: Прашањето за мигрантите да не се користи за собирање политички поени

    17.12.2025 во 09:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.