Вчера во периодот од 11:00 до 13:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на возачи кои вршат јавен превоз на патници без лиценца. При контрола на патничко возило ,,форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.И.(67) од с.Камењане, тетовско, на ул.„Илинденска“ во Тетово, констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
Исто така, на ул.„Маршал Тито“ во Тетово затекнати се пет возачи вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган. Констатирано е дека Х.К.(48) од Тетово управувал патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки вршел јавен превоз без лиценца, како и Е.М.(49) од Тетово кој управувал патничко возило ,фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички, Б.Р.(71) од с.Брвеница, тетовско, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистерски ознаки, А.Д.(22) од с.Фалише, тетовско, кој управувал патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и Ф.Б.(51) од с.Џепчиште, тетовско, кој управувал патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски ознаки.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави член 284-а од Кривичниот законик.
Актуелно
- Акција на СВР Тетово: „Паднаа“ шестмина диви таксисти кои превезувале патници без лиценца
- Костадинов заработи уште една кривична пријава
- Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
- Инцидент на аеродромот во Брисел: Авионот на Фицо приземјен поради дефект
- Полицијата го пронајде исчезнатото дете од Кичево
- Падна измамник од Охрид: Измамил стружанка за 8.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила дете
- Војна Филипче – Шилегов: Го нашле задолжен и со приватни проблеми
- Аеродром прва општина со системска селекција на отпад: 600 домаќинства ќе добијат канти за селекција на пластика

