Close Menu
    Најново

    Замина тивкиот мајстор на сцената: Почина актерот Лазе Манасков на 66-годишна возраст

    20.12.2025 во 17:29

    Вучиќ смирува: Имаме гориво до средината на јануари, нема да се вратиме на купување нафта на улица

    20.12.2025 во 16:14

    Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе

    20.12.2025 во 16:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Замина тивкиот мајстор на сцената: Почина актерот Лазе Манасков на 66-годишна возраст
    • Вучиќ смирува: Имаме гориво до средината на јануари, нема да се вратиме на купување нафта на улица
    • Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
    • Пијан велешанец дивеел во станица: Нападнал полицаец откако го фатиле со 1,62 промили
    • Петти конгрес на ДУИ – Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор
    • Хорор во Битола, Ја тепал со столица, влечел кон тераса за да ја фрли, па ја силувал
    • Почина легендарниот радио-водител Драган Б. Костиќ
    • Се огласи пратеникот Јанчев за сообраќајката каде загина дете: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Замина тивкиот мајстор на сцената: Почина актерот Лазе Манасков на 66-годишна возраст

    Замина тивкиот мајстор на сцената: Почина актерот Лазе Манасков на 66-годишна возраст

    20.12.2025 во 17:29
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Македонската театарска и филмска сцена денес остана посиромашна за уште едно големо име. На 66-годишна возраст почина истакнатиот актер Лазе Манасков, долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

    Веста за неговото заминување ја споделија неговите колеги, кои и покрај болката, одлучија вечерва да останат на сцената во негова чест.

    Изведбата на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе биде посветена токму на нивниот починат колега.

    Манасков (Манасковски) е роден во 1959 година во Велес. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1984 година, во класата на професорот Илија Милчин. Кариерата ја започнува во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, а од 1990 година станува дел од Драмски театар Скопје.

    Публиката ќе го памети по бројните улоги во култни претстави како „Тетовирани души“, „Црно семе“, „Ангели на отпад“ и „Буре барут“, но и по филмските остварувања, меѓу кои и улогата во „Среќна Нова ’49“.

    „Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, стои во соопштението.

    Популарно

    Замина тивкиот мајстор на сцената: Почина актерот Лазе Манасков на 66-годишна возраст

    20.12.2025 во 17:29

    Поднесено обвинение за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј

    20.12.2025 во 10:22

    Хорор во Битола, Ја тепал со столица, влечел кон тераса за да ја фрли, па ја силувал

    20.12.2025 во 15:07

    Се огласи пратеникот Јанчев за сообраќајката каде загина дете: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно

    20.12.2025 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.