Close Menu
    Најново

    Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми

    19.09.2025 во 10:49

    Украле бронзена биста со два човечки лика од гробиштата во Бутел вредна над 5.000 евра – ОЈО поведе постапка против четири лица

    19.09.2025 во 10:44

    Скопјанец во фолија одгледувал канабис, а во собата каде спиел имал комора за сушење – ОЈО спроведе истрага

    19.09.2025 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми
    • Украле бронзена биста со два човечки лика од гробиштата во Бутел вредна над 5.000 евра – ОЈО поведе постапка против четири лица
    • Скопјанец во фолија одгледувал канабис, а во собата каде спиел имал комора за сушење – ОЈО спроведе истрага
    • Обвинителството отвори истрага против четири лица и фирма за загадување на животната средина поради пожарот во Трубарево
    • Пумпните хидроцентрали – ’рбетот на европската енергетска транзиција
    • Во тек е голема полициска акција во неколку градови во Македонија
    • Поранешниот претседател Иванов во Астана: Технологијата не треба да нè оддалечува од тоа кои сме, туку да ни помогне подобро да се откриеме себеси
    • СДСМ: Тошковски мора веднаш да поднесе оставка по убиството во Велес
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми

    Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми

    19.09.2025 во 10:49
    ФОТО: Министерство за здравство
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад.

    – Станува збор за операција која за првпат во Македонија е изведена со примена на интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија. Оваа иновација е значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство. Примената на интраоперативната флуоресцентна видеоангиографија ја зголемува безбедноста на пациентите и ја подобрува ефикасноста на хируршките интервенции, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

    Оваа иновативна метода претставува напредна техника која овозможува визуелизација на крвниот проток во реално време за време на операцијата.

    – Со примена на контрастно средство, хирурзите можат прецизно да ја проценат проодноста на крвните садови и да го потврдат целосното исклучување на аневризмата, што е клучно за успешен исход, појаснува д-р Благој Шунтов, специјалист по неврохирургија и раководител на тимот.

    Инаку, хируршкиот тим се состои од: д-р Благој Шунтов, асистенти:  д-р Мирко Мишел Мирчевски, д-р Влатко Атанасов, анестезиолошки тим: д-р Сања Ѓурчевска, д-р Радмила Панговска, мс Ирена Стојанова, мс Гордана Мицковска, мс Даниела Делова, инструментарки: мс Маја Спировска, мс Наташа Мирчевска.

    Операцијата помина без компликации, а пациентот се опоравува без потешкотии. Примената на оваа напредна техника претставува значаен напредок во третманот на неврохируршки пациенти и потврдува посветеност на ЈЗУ УК за неврохирургија во примена на најновите медицински технологии.

    Оваа иновација претставува значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство и потврдува посветеност на здравствените институции во примена на најновите медицински технологии.

    Featured
    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми

    19.09.2025 во 10:49

    Украле бронзена биста со два човечки лика од гробиштата во Бутел вредна над 5.000 евра – ОЈО поведе постапка против четири лица

    19.09.2025 во 10:44

    Скопјанец во фолија одгледувал канабис, а во собата каде спиел имал комора за сушење – ОЈО спроведе истрага

    19.09.2025 во 10:23

    Обвинителството отвори истрага против четири лица и фирма за загадување на животната средина поради пожарот во Трубарево

    19.09.2025 во 10:20
    последни вести
    Македонија

    Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми

    19.09.2025 во 10:49
    Македонија

    Украле бронзена биста со два човечки лика од гробиштата во Бутел вредна над 5.000 евра – ОЈО поведе постапка против четири лица

    19.09.2025 во 10:44
    Македонија

    Скопјанец во фолија одгледувал канабис, а во собата каде спиел имал комора за сушење – ОЈО спроведе истрага

    19.09.2025 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.