Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на националниот сервис МРТ, остро предупреди дека најавите за прифаќање мигранти во замена за финансиски средства претставуваат директно предавство и продажба на националните интереси и безбедноста на државата.
„Релевантни британски медиуми, Тајм, Телеграф, кажуваат дека македонската влада, официјално преговарала, со тие зборови, официјално преговарала да се преземат такви одбиени баратели на азил од Велика Британија. Значи, такво понижување нашите граѓани досега не доживеале. Тоа значи дека оваа влада дозволила и влегла во преговори официјални, да луѓе кои се одбиени од Велика Британија бидат примени кај нас. Тоа значи дека некој што не е добар за Велика Британија, ние ќе го примиме. Па зошто некој што не е добар за било каде да го примиме ние? Тоа е прво. Второ, според повторно релевантни британски медиуми, за тие луѓе, владата ќе зима пари. И тоа сето врзано со ова кредитирање од 6 милијарди евра. Значи, ние земаме мигранти кои не се соодветни, кои се, којзнае зошто се осомничени или осудени и не можат да останат во Велика Британија, владата ги зема кај нас. При тоа плаќаме огромни камати за некои кредити од 6 милијарди евра. Па, кај го има ова? Па, ова е рамно на национално предавство“ рече Филипче.
Претседателот Филипче порача дека СДСМ нема да молчи за ваквите опасни политики и ќе продолжи јавно да ги разобличува сите договори и потези кои ја загрозуваат државата, европската перспектива и безбедноста на граѓаните.

