Денешната седница на албанското Собрание се претвори во вистинско бојно поле откако пратениците на опозицијата влегоа во жесток физички судир со обезбедувањето. Уште пред формалното отворање на седницата, во салата настана стампедо, се користеа пиротехнички средства, а опозиционерите се обидоа да ги заземат местата на министрите.
Драмата достигна врв кога пратеникот Бељинд Кељиќи запали факел среде салата, додека неговиот колега Клевис Балиу се качуваше по масите за да стигне до министерските фотелји. Лидерот на демократите, Сали Бериша, упати директни закани до обезбедувањето дека „ќе се соочат со сериозни последици“ ако ги допрат пратениците.
И покрај чадот и вревата, Ендри Шабани успеа да положи заклетва како нов Омбудсман, по што провокативно им испрати бакнеж на збеснатите опозиционери, дополнително палејќи ја атмосферата. Додека внатре се гласаа закони во ненормални услови, пред зградата на Собранието избувна пожар кај инсталациите за телевизиски пренос.

