Прекрасна вест за дел од пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Општина Штип реши да додели по 6.000 денари еднократна финансиска помош на 100 пензионери со најниски примања.
„Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања.
Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
Главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на најранливите категории граѓани“, објави Јорданов.

