Close Menu
    Најново

    Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата

    18.12.2025 во 20:59

    Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди

    18.12.2025 во 20:41

    Фрчковски: Власта донесе неуставна Резолуција за своевидна цензура

    18.12.2025 во 20:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата
    • Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди
    • Фрчковски: Власта донесе неуставна Резолуција за своевидна цензура
    • САД воведоа санкции против бродски компании и бродови поврзани со Иран
    • Стефан Ќирков: Не ја кријам амбицијата да бидам директор на ЗОО Скопје
    • Скопската зоолошка доби нова директорка
    • Паднаа важни одлуки: Заврши ЦО на ЗНАМ
    • ЈСП со важна информација за пензионерите
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата

    Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата

    18.12.2025 во 20:59
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Потпретседателката и пратеничката на Совијалдемократскиот сојуз на Македонија,  Јована Тренчевска, во вечерашното интервју во  „Тема на денот“ на телевизија Сител, нагласи дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вчера беше изгласана во Собранието е антидемократска и  обид за политичка пресметка со опозицијата. Тренчевска, исткана дека власта користејќи дезинформации сака да ја замолчи СДСМ, а да ја сокрие својата неспособност.

    „Имаме една власт која од што нема резултати од својата работа е насочена исклучиво кон опозицијата. СДСМ ја кажува вистината за штетноста на тој дел од договорот со Велика Британија за безбедноста на државата“, рече Тренчевска.

    Таа додаде дека во ниту еден дел од резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ нема конкретно објаснување и детали од договорот со Велика Британија, што уште повеќе го зголемува сомнежот за тајни договори што ги води власта.

    „Каде во резолуцијата е споменат договорот со Велика Британија? Резолуцијата е само за осуда на опозицијата. Во храмот на демократијата во Собранието се носи резолуција со која се осудува опозицијата или едноставно кажано се замолчува,  за да не ги кажува сите негативности на власта, се она што власта го крие.  На што да се спротиставиме во парламентот, на резолуција којашто не и е местото во парламентот, којашто е противуставна резолуција, којашто вели опозицијата да седи лево во на столчињата и да молчи“, рече Тренчевска.

    Притоа Тренчевска потенцираше дека Македонија ќе биде доведена во ситуација да прими мигранти кои нема да поминат безбедносни проверки, со што ќе се загрози безбедноста на државата.

    „Ќе бидеме во ситуација да ни донесат луѓе коишто не нема да ги поминат безбедносните проценки. Да направиме дистинкција помеѓу мигранти и луѓе кои побарале азил во одредена европска држава или во Велика Британија и не го добиле азилот од  други причини и треба да бидат донесени во Република Македонија. Ако биле добри, зошто не останале во Велика Британија, зошто не им дале азил? Барањето за азил им е одбиено“, рече Тренчевска.

    Говорејќи за погрешните политики на власта, во интервјуто Тренчевска посочи дека СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува коруптивните скандали на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Секојдневно на платформата ни пристигнуваат нови документи за коруптивни скандали, за семејно-партиски тендерски мрежи и преку прес-конференциите ќе ја запознаваме јавноста.Пред се тоа е во интерес на државата, и ова објавување на сите криминали и корупцијата ќе помогне во борбата против корупцијата “, истакна Тренчевска

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.