Јасна распределба на одговорностите и засилена меѓуинституционална координација се клучни за успехот на реформите. Ова е заклучокот од денешниот неделен состанок што го одржа премиерот Христијан Мицкоски.
Фокусот на разговорите бил ставен на динамиката со која се одвиваат процесите и почитувањето на зададените рокови.

Премиерот преку социјалните мрежи информираше за текот на состанокот.
„Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите. Од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме домашната задача“, објави Мицкоски.

