Општина Росоман реализираше исплата на финансиска поддршка за родители на новороденчиња.
Веста на Фејсбук ја соопшти градоначалникот Ѓорѓи Крстевски.
Како што информира, денеска е извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои навремено поднеле барање за добивање парична помош за новороденче.
„Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во наредниот период, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел уште поголема поддршка за младите семејства. Грижата за најмладите е инвестиција во иднината на Општина Росоман“, вели Крстевски.

