Close Menu
    Најново

    Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени

    16.12.2025 во 11:12

    Коцевски си поднесе оставка пред Собранието да го разреши

    16.12.2025 во 11:09

    Лекарите загрижени за херојот кој го совлада напаѓачот во Сиднеј: Загуби многу крв, постои ризик

    16.12.2025 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени
    • Коцевски си поднесе оставка пред Собранието да го разреши
    • Лекарите загрижени за херојот кој го совлада напаѓачот во Сиднеј: Загуби многу крв, постои ризик
    • Трамп објави дека ќе го жени синот: Доби бакнеж од идната снаа
    • Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
    • Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор
    • Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува
    • Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени

    Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени

    16.12.2025 во 11:12
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Разбирливо е дека СДС и Филипче се во континуиран слободен пад, без визија и во отсуство на вистински политики, и затоа посегнуваат по секоја цена да дојдат до некаков политички поен и краткорочен бенефит, посочи Стојаноски.

    „СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди.

    Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

    Токму затоа преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно  се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти. Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право, истакна Стојаноски.

    Стојаноски рече дека со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара.

    „ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на државните интереси и ја гарантира безбедноста и сигурноста на сите граѓани“, нагласи Стојаноски.

    Популарно

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41

    Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина

    16.12.2025 во 10:35

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

    15.12.2025 во 20:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.