Close Menu
    Најново

    Тошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образование

    15.12.2025 во 14:52

    Полицаец прегазен на кружен тек во Скопје – возачот уапсен по три дена бегство

    15.12.2025 во 14:40

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образование
    • Полицаец прегазен на кружен тек во Скопје – возачот уапсен по три дена бегство
    • Горивата драстично поевтинуваат од полноќ
    • Тешка сообраќајка во Битола: Прегазена жена
    • Зголемена казната за Васил Јованов: Апелациониот суд му пресуди 13 години затвор за смртта на Фросина Кулакова
    • Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
    • Падна криминалец на Табановце осуден на осум години затвор: Пробал да излезе од Македонија
    • Вознемирена мајка од Скопје се јавила во полиција: Мојот 13-годишен син и неговите другари физички се нападнати со тврди предмети
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Тошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образование

    Тошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образование

    15.12.2025 во 14:52
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи денес официјално го одбележа завршувањето на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, со кој се поставуваат темелите на современ, одржлив и технолошки напреден систем за полициска обука.

    Проектот, реализиран во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со финансиска поддршка од Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка и дополнителни придонеси од Финска, во изминатите години овозможи суштинска трансформација на начинот на стручно усовршување и професионален развој во рамки на Министерството.

    Во рамки на проектот беше воспоставен модерен хибриден модел на образование кој комбинира дигитални алатки, современи дидактички методи и долгорочен пристап „обука на обучувачи“. Развиена е програма за хибридна обука, селектирани и обучени се национални обучувачи со високи дигитални и педагошки компетенции, воспоставен е Мултимедијален центар за обука во Тренинг центарот во Идризово, како и Систем за управување со учење (LMS) кој овозможува флексибилна и квалитетна едукација.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обраќајќи се на завршниот настан, истакна дека овие резултати претставуваат јасен показател за институционална зрелост и определба за континуирано вложување во знаење и професионализација на полициската служба. Тој нагласи дека воспоставените капацитети отвораат можности за понатамошна соработка со меѓународните партнери и за активно вклучување во регионалните образовни мрежи, вклучително и Регионалната асоцијација на полициски академии и центри за обука од Југоисточна Европа.

    Министерството за внатрешни работи упати благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и до меѓународните партнери за континуираната поддршка, нагласувајќи дека со овој проект не се става крај, туку се отвора ново поглавје во кое хибридното образование станува составен дел од секојдневното функционирање на Министерството и важна алатка за подготовка на полицијата за идните безбедносни предизвици.

    Популарно

    „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот

    15.12.2025 во 12:14

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32

    Добри вести за 100 пензионери: Општината ќе им додели 6000 денари финансиска помош

    15.12.2025 во 11:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.