Close Menu
    Најново

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41

    Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина

    16.12.2025 во 10:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор
    • Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува
    • Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина
    • Снег нема да видиме ама студ нема да ни фали – какво време не чека за Нова Година
    • Се истражува патувањето на напаѓачите во Сиднеј: Таткото и синот поминале еден месец во близина на исламистички упоришта на Филипините
    • Напад во училиште во Русија: Матурант со нож уби 10-годишно дете, рани уште четири
    • Падна авион во Мексико: Најмалку седум загинати, тројца исчезнати, пилотот пред падот рекол „Се уриваме“
    • Прилепчанец уапсен во Неготино: Со сила одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, повторно поднел барање за одложување на извршувањето на затворската казна, повикувајќи се на здравствени причини поврзани со неодамнешна хируршка интервенција. Според медицинската документација доставена до надлежните институции, по извршената операција му било препорачано мирување во период од 20 до 30 дена.

    Белули требаше да се јави на издржување на правосилно изречената затворска казна во казнено-поправната установа „Идризово“, но наместо тоа, повторно побарал пролонгирање, со образложение дека моменталната здравствена состојба не му дозволува веднаш да започне со издржување на казната. Судот треба да оцени дали доставените медицински наоди претставуваат оправдана причина за ново одложување.

    Ова не е првпат Белули да бара пролонгирање на извршувањето на казната, што предизвикува реакции и зголемен интерес во јавноста. Станува збор за лице кое е правосилно осудено за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а случајот со години се смета за еден од најтешките и најчувствителни судски предмети во земјава.

    Надлежните институции, во рамки на законските процедури, треба да утврдат дали здравствената состојба навистина претставува пречка за издржување на казната или дали осуденикот може да биде згрижен и лекуван во рамки на затворскиот систем. Одлуката на судот се очекува во наредниот период.

    Популарно

    СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

    15.12.2025 во 20:26

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    Филипче денеска ќе го објави новиот партиски врв на СДСМ: Комбинација од „искусни и млади“

    16.12.2025 во 09:26

    Исчезна 30-годишен скопјанец

    15.12.2025 во 21:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.