Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со свечено осветлување на новогодишната елка и официјалното отворање на Божиќниот маркет вечерва го означи почетокот на празничната магија во Скопје.
Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:
Градот убав повторно блесна!
Од срце ви благодарам, драги скопјани, најдраги дечиња, за масовното присуство, за радоста и за прекрасната енергија што вечерва ја споделивме заедно.
По години сивило, Скопје повторно блесна, свечено ја осветливме новогодишната елка и официјално го отворивме Божиќниот маркет, со што симболично го означивме почетокот на празничната магија во нашиот главен град.
Со оваа церемонија, Скопје направи значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, создавајќи настани што носат позитивна енергија, заедништво и радост за сите генерации.
Оваа вечер ќе остане запишана во историјата и ќе прерасне во убава традиција.
Ви благодарам што со вашето присуство ја направивте оваа ноќ навистина посебна.
Време е Скопје повторно да живее со светлина, насмевки и празнична топлина, напиша градонаачлникот на ФБ.

