Close Menu
    Најново

    Падна авион во Мексико: Најмалку седум загинати, тројца исчезнати, пилотот пред падот рекол „Се уриваме“

    16.12.2025 во 09:59

    Прилепчанец уапсен во Неготино: Со сила одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“

    16.12.2025 во 09:45

    Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

    16.12.2025 во 09:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Падна авион во Мексико: Најмалку седум загинати, тројца исчезнати, пилотот пред падот рекол „Се уриваме“
    • Прилепчанец уапсен во Неготино: Со сила одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“
    • Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар
    • Кочан ладно во Македонија: Измерени – 6 степени
    • Филипче денеска ќе го објави новиот партиски врв на СДСМ: Комбинација од „искусни и млади“
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС под раководство на Филипче останува заложник на бизнис интересите на кланот Заеви
    • Нафтата и бензинот драстично поевтинија – ова се новите цени
    • Времето денеска сончево со температури до 13 степени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Падна авион во Мексико: Најмалку седум загинати, тројца исчезнати, пилотот пред падот рекол „Се уриваме“

    Падна авион во Мексико: Најмалку седум загинати, тројца исчезнати, пилотот пред падот рекол „Се уриваме“

    16.12.2025 во 09:59
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Најмалку седум лица го загубија животот при пад на мал авион во централно Мексико, додека уште три лица се водат како исчезнати, соопштија синоќа мексиканските воздухопловни власти, пренесува ДПА.

    Несреќата се случила во индустриска зона во градот Толука, во близина на локалниот аеродром.

    Авионот, од типот „Cessna Citation“, полетал од туристичкиот град Акапулко на Тихиот Океан и се упатил кон Толука, информира Министерството за транспорт.

    Според медиумските извештаи, во авионот имало вкупно десет лица – двајца членови на екипажот и осум патници, меѓу кои и три деца.

    Трагедијата е проследена со драматични детали од комуникацијата. Во последната комуникација со контролата на летање, пилотот наводно ја известил контролата со зборовите: „Се уриваме“.

    Снимки од безбедносните камери ги забележале последните моменти пред падот.

    Нема пријави за повредени лица на земја, но ударот на леталото предизвикал голем пожар во индустриската зона, пренесува германската агенција. Авионот удрил во работилница за поправка на камиони.

    Сведоци изјавија дека пилотот во последните моменти се обидел да изврши вонредно слетување на фудбалско игралиште, пред леталото да се удри во земјата со голема брзина.

    Причината за падот засега останува непозната и се истражува.

    Популарно

    СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

    15.12.2025 во 20:26

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    Исчезна 30-годишен скопјанец

    15.12.2025 во 21:29

    Нафтата и бензинот драстично поевтинија – ова се новите цени

    16.12.2025 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.