Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“.
Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, секој понеделник, среда, петок и недела.
– Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од нaјдинамичните региони. Летот на релацијата Скопје – Прага е резултат на визијата – Македонија да биде подостапна, отворена и конкурентна, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на свеченоста по повод првиот лет од Скопје што се реализираше во 14:20 часот.

