Close Menu
    Најново

    Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите 

    15.12.2025 во 19:16

    Директен лет Скопје-Прага трипати неделно

    15.12.2025 во 19:04

    Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила

    15.12.2025 во 18:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите 
    • Директен лет Скопје-Прага трипати неделно
    • Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
    • Тепачка во штала: Тројца од едната, тројца од другата страна
    • Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници
    • Хрватска: Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра
    • Паднаа цените на нафтата
    • Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите 

    Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите 

    15.12.2025 во 19:16
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле резолуција во Собранието со која се осудуваат манипулациите и дезинформациите што опозицијата ги шири во врска со прашањето за мигрантите.

    Пратеничката Панова посочи дека СДС, како обезличена и полураспадната партија без јасна визија и идеи, повторно отвора тема која е целосно немерлива и неоснована.

    „Несфатливо како може СДС да зборува за било какви црвени линии којшто тие ги прекршија всушност, тие распродадоа име, се согласија на сето тоа што не смееше една влада да се согласи, сега, од друга страна, поднесуваат некаква резолуција“, вели Панова.

    Панова нагласи дека со цел да се затвори оваа непостоечка, наметната тема за мигранти кои никогаш нема да пристигнат во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле Резолуција со повеќе јасни точки, со која се става крај на манипулациите и ширењето страв меѓу граѓаните.

    „За да ја затвориме оваа непостоечка тема која што се отвори за мигранти, којшто никогаш нема да пристигнат во Македонија, ние денес поднесовме резолуција и во истата се состојат повеќе точки со којшто всушност сакаме да ја затвориме темата“, посочи Панова.

    Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на државните интереси како и водење одговорна политика која е заснована на факти и транспарентност.

    Популарно

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот

    15.12.2025 во 12:14

    Добри вести за 100 пензионери: Општината ќе им додели 6000 денари финансиска помош

    15.12.2025 во 11:59

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.