Close Menu
    Најново

    (ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: Тепање, палење факели, качување по маси, закани, стампедо

    18.12.2025 во 14:17

    Лажен туристички агент „олесни“ кумановско семејство за над 6.000 евра за непостоечки одмор во Турција

    18.12.2025 во 13:55

    Пробиштип: Кривична пријава за маж кој спречил новинарка да постави прашање на заменик-министер

    18.12.2025 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: Тепање, палење факели, качување по маси, закани, стампедо
    • Лажен туристички агент „олесни“ кумановско семејство за над 6.000 евра за непостоечки одмор во Турција
    • Пробиштип: Кривична пријава за маж кој спречил новинарка да постави прашање на заменик-министер
    • Две жени ограбени во Аеродром и Ѓорче Петров во ист ден
    • Крвава кражба: Битолчанец избоден од разбојник кој влегол во неговата куќа да краде
    • Ужас во Скопје: Мајка си го натепала малолетниот син кој имал здравствени проблеми, во полиција пријавил таткото
    • 16-годишник од кривопаланечко заработи кривична: Со дрвен предмет мападнал 13-годишник
    • Кривична пријава за работник и управител – го оставиле Тетово без струја поради нивна грешка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: Тепање, палење факели, качување по маси, закани, стампедо

    (ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: Тепање, палење факели, качување по маси, закани, стампедо

    18.12.2025 во 14:17Updated:18.12.2025 во 14:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денешната седница на албанското Собрание се претвори во вистинско бојно поле откако пратениците на опозицијата влегоа во жесток физички судир со обезбедувањето. Уште пред формалното отворање на седницата, во салата настана стампедо, се користеа пиротехнички средства, а опозиционерите се обидоа да ги заземат местата на министрите.

    Драмата достигна врв кога пратеникот Бељинд Кељиќи запали факел среде салата, додека неговиот колега Клевис Балиу се качуваше по масите за да стигне до министерските фотелји. Лидерот на демократите, Сали Бериша, упати директни закани до обезбедувањето дека „ќе се соочат со сериозни последици“ ако ги допрат пратениците.

    И покрај чадот и вревата, Ендри Шабани успеа да положи заклетва како нов Омбудсман, по што провокативно им испрати бакнеж на збеснатите опозиционери, дополнително палејќи ја атмосферата. Додека внатре се гласаа закони во ненормални услови, пред зградата на Собранието избувна пожар кај инсталациите за телевизиски пренос.

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.