СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
– Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари, известија од МВР.

