Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија денес е „голем губитник“, откако Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, се повлече од контроверзниот проект за ревитализација на зградата на Генералштабот во Белград.
Вучиќ остро ги нападна противниците на проектот, обвинувајќи ги дека воделе „хајка“ со цел да ја уништат земјата и да ја избришат од мапата на успешни држави.
„Горд сум на сите оние што се обидоа да доведат таков инвеститор. Со кампањата и потрагата што се водеше, успеавме да уништиме сè… Изгубивме исклучителна инвестиција“, рече Вучиќ.
Според него, наместо луксузен комплекс, Белград сега ќе остане со „срушена зграда“. Тој тврди дека во проектот немало никаква корупција и дека целта на опозицијата била единствено да ѝ нанесат штета на Србија.

