Close Menu
    Најново

    Петкоска: СДСМ и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

    15.12.2025 во 23:14

    Делови од Скопје утре без струја

    15.12.2025 во 22:58

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Петкоска: СДСМ и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти
    • Делови од Скопје утре без струја
    • Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците
    • Филипче: Мигранти за пари е предавството и продажбата на националните интереси
    • Нормализиран сообраќајот на Богородица
    • Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија
    • Мараја Кери ќе пее на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано
    • Исчезна 30-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Петкоска: СДСМ и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

    Петкоска: СДСМ и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

    15.12.2025 во 23:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во вечерашното издание на „Топ тема“  на Телма телевизија, каде тема беа нелегални мигранти во земјава, наметната од политичката партија СДС, а за која СДС иницираше и онлајн петиција. ,,Во отсуство на креативност, во отсуство на волја за работа, се наметнува една имагинарна тема, а е нешто што не постои и за нешто што нема ниту еден солиден, аргументиран доказ“, рече Петкоска, се се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

    Петкоска нагласи дека СДС, како и актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, континуирано не успеваат да ја разберат пораката што граѓаните јасно ја испраќаат, како на парламентарните избори минатата година, така и на локалните избори годинава, и според неа, тоа е порака која значи недоверба.

    ,,Венко Филипче и СДС, за жал никогаш не ја сфатија пораката од граѓаните и тоа им се удри од глава на два последователни изборни процеси“, истакна Петкоска.

     Петкоска се осврна и на онлајн петицијата иницирана од СДС, при што потенцираше дека за истата биле потребни 47.897 потписи, додека пак ја поддржале само 2.103 граѓани. Според неа, овој податок претставува уште еден јасен сигнал за слабата поддршка и доверба што граѓаните ја имаат кон СДС и Венко Филипче.

    ,,Ова е уште една порака од граѓаните, дека не му веруваат на тезата дека ќе дојдат мигранти во Република Македонија“, кажа Петкоска.

    Популарно

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот

    15.12.2025 во 12:14

    Добри вести за 100 пензионери: Општината ќе им додели 6000 денари финансиска помош

    15.12.2025 во 11:59

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.