Close Menu
    Најново

    МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

    17.09.2025 во 18:28

    Среде депонијата Вардариште живеат 200 луѓе, треба да се дислоцираат

    15.09.2025 во 14:30

    „Џејмс Веб“ сними космички огномет на работ на галаксијата

    15.09.2025 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта
    • Среде депонијата Вардариште живеат 200 луѓе, треба да се дислоцираат
    • „Џејмс Веб“ сними космички огномет на работ на галаксијата
    • Нова одлука на Народната банка: Олеснето кредитирањето при купување прв стан
    • ОЈО покрена истрага за смртта на лицето кое беше претепано во паркот „Жена борец“
    • Трамп размислува да прогласи вонредна состојба во Вашингтон
    • Тошковски: Уништени се над 4 тони дрога и над 100 парчиња оружје
    • Филипче бара итни анализи од странска лабораторија по пожарите
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

    МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

    17.09.2025 во 18:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за образование и наука во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведува дека системски го решило прашањето со набавка и испорака на учебници, кои се испечатени и доставени до сите училишта.

    Четири министри во Владата на СДСМ раководеа со Министерството за образование и наука во период од седум години и не успеаја да обезбедат учебници ниту за основците, ниту за v. Сега кога ситуацијата е надмината, оваа политичка партија чија слаба страна е образованието, се обидува токму во оваа област да собира политички поени. Не им успева, бидејќи учебници има. Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан, се вели во реакцијата на МОН.

    Сегашното раководство, посочуваат од МОН, системски го реши овој предизвик од минатото, со ново законско решение во чија изработка учествуваа сите засегнати чинители, како и со интензивен ангажман на надлежните институции, органи и тела.

    Испечатени се сите претходно одобрени учебници по сите предмети. За прв пат по цели седум години, обезбедени се и нови учебници по странските јазици во сите одделенија. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми од оваа учебна година, потенцираат од МОН.

    Обновата на наставните програми и на учебниците, како што наведуваат од Министерството, ќе продолжи и во следниот период, затоа што тие се основата на квалитетното образование, заедно со наставниците и инфраструктурните услови.

    Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите. Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех, се вели во реакцијата на Министерство за образование и наука.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

    17.09.2025 во 18:28

    Среде депонијата Вардариште живеат 200 луѓе, треба да се дислоцираат

    15.09.2025 во 14:30

    „Џејмс Веб“ сними космички огномет на работ на галаксијата

    15.09.2025 во 14:20

    Нова одлука на Народната банка: Олеснето кредитирањето при купување прв стан

    15.09.2025 во 14:17
    последни вести
    Македонија

    МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

    17.09.2025 во 18:28
    Македонија

    Среде депонијата Вардариште живеат 200 луѓе, треба да се дислоцираат

    15.09.2025 во 14:30
    Забава

    „Џејмс Веб“ сними космички огномет на работ на галаксијата

    15.09.2025 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.