Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави дека модернизацијата на македонската Армија продолжува со засилено темпо. Буџетот за следната година е проектиран на рекордни 358 милиони евра, што е за 27,7 милиони евра повеќе од годинава.
Мисајловски појасни дека успешно се затвораат клучните договори со стратешките партнери. Веќе се пристигнати хаубиците од Турција, како и сите 96 лесни оклопни возила ЈЛТВ од САД, додека следната година се очекува испораката на оклопните возила „Страјкер“.
„Во првиот квартал следната година ќе биде првата испорака од ракетниот систем ‘Мистрал’ согласно со договорот со Франција, а ќе пристигнат и два хеликоптери од договорот со италијанскиот производител ‘Леонардо’“, изјави Мисајловски.
Дополнително, најавен е нов договор со САД во вредност од 3,5 милиони долари за резервни делови, како и изградба на нов центар за крипто заштита вреден над 6 милиони евра.

