Најмалку 37 лица го загубија животот, а 14 се повредени во силните поплави што го зафатија мароканскиот пристаништен град Сафи. Обилните дождови предизвикаа излевање на водата во стариот дел од градот, при што беа поплавени бројни домови и продавници, а надојдените води носеа и автомобили.
Поради влошената состојба и безбедносни причини, надлежните власти денеска донесоа одлука за затворање на училиштата во погодените подрачја.
Мароко, кое во изминатите седум години се соочуваше со тешка суша, сега е погодено од интензивни врнежи од дожд и снег, особено во планинскиот венец Атлас, што дополнително го зголемува ризикот од нови поплави.

