Триесетгодишен жител на тетовското село Орашје заработи кривична пријава откако полицијата во неговиот дом открила нелегален арсенал на оружје и дрога.
При претресот извршен на 11 декември, полициските службеници во помошните простории на Ф.Р. (30) пронашле автоматска пушка, две рамки и вкупно 100 куршуми (22 со калибар 7.62 мм и уште 78 други).
Покрај оружјето, пронајдена е и марихуана, како и дигитална вага и дробилка, што укажува на тоа дека осомничениот најверојатно се занимавал со препродажба на наркотици.

